free web hosting | free website | Business WebSite Hosting | Free Website Submission | shopping cart | php hosting

Историски податоци

Дома

Историско- Геоографски  податоци

Актуелно во с.Болно

Фотосесија

Цркви и Манастири

Ф.К. ,,Илинден-2

Контакт лица

 

  • Историја на селото

 

          Прв пат село Болно се споменува во 1519 год. во Турските тефтери под името, ,,Бохуно,, со 55 семејства. По втор пат се споменува во 1562 год. со 77 семејства и околу 400 жители.

          Од каде е името на селото? Ако некој постар човек во селото го прашате зашто се вика селото Болно? Ќе ви одговори дека во времето на Цар Самоил на територијата на селото имало Болница, каде се лечеле војниците на Цар Самоил. -Полскоит научник- лингвист Пијанка во својот научен труд за топонимите во Преспа, тврди дека село Болно името го добило од лично име, име-Бохун.

          Корените на село Болно према научни сознанија се наоѓаат на месноста ,,Селиште и Градиште.  Оваа населба опстојувала се до средината на 12 век. кога Езезрските води на Преспанското Езеро допирале до сегашното место викано ,,Лениште.

          Според досегашните археолошки ископуавња и испитување што се многу оскудни  во атараот на селото Болно имало активни живеалишта уште пред новата ера, односно во времето на Римското владеење.  На местото викано ,,Катуништа при обработка на земјата откриени се предмети кои давале до занаење дека тука имало населба, а топонимот ,,Катуништа,, означува живелиште на сточари, именувани како Катуни.

          Во понаовата историја Болно се спомнува во почетокот на 19 век, во 1830год. Хан има запишано дека во Болно имало 38 куќи. Отогаш наваму селото има постепено зголемување на бројот на населението.    Според Васил Канчов (Бугарски историчар), село Болно во 1894 год. броело 500 жители прв точен и највистинит податок за бројот на населението во селото датира 1946 год.  тогаш селото броело 643 жители, со пописот на населението во 1953 год.  селото броело 671 жиетел. Со пописи на населението во 1971 год броело околу 512 жители. А во 1991 брои 280 жители, во најново годиште 2003 год. оклоу 250 жители. Ваквото рапидно намалување на населението произлегува од мигарционите движења од 60-те год.  па наваму. Население од Блонско потекло има во Ресен и многу други Македонски градови, Европски и Прекуокеански земји.

          Од 1960 год. па наваму во Ресен има 60 семејстава, во Скопје 20 семејства, во Битола 6 семејства, во Охрид  6 семејства, Струга и Штип 1 семејство.

          Во Прекуокеанските земји и Европа: Канада- Торонто 24 семејства, САД 40 семајстава, Австарлија оклоу 15 семејства, Шведска 6 семејства, Данска 4 семејства, Франција 3 семејства, Германија 2 семејства, пораненна Југославија 4 семејстава итн.

          Дека во Болно имало активен живот во долг историски период, зборуваат, повеќето црковни објекити: селската црква св.Атанасиј обновена 1846 год., малата црква св.Никола 1826 год. но се претпоставува дека е стара и над 400 год. Црквата св.Наум изградена во месноста ,,Макла,, во знак на почит кон големиот просветител Наум кој на овие простори обавувал просветна дејност уште пред 1100 год. (10 век). Според преднаија исто така во оклолината на село Болно постоела црквата св.Петка, имало црква св.Варвара во месноста ,,Ливачка шума,,  и постоењето на манастир во горниот тек на реката ,,Манастирка,, по што и реката го добива името.

 

          Селото Болно има дадено значен придонес во иленденскиот период и НОБ. Во времето на Илинденското востание од 1903 год. село Болно било Реонски центар и од тука бил организиоран напад од повеќе селски чети, на чело со војводата Славејко Арсов на градот Ресен. Во НОБ во 1941 год. селото Болно се вклучи во Народноослободитлната борба, како најголем херој од овој временски период се истакнува Мите Богоевски кој даде голем придонес за ослободувањето на селото па и цела Преспа, таргично загина на 12 септември 1942, во придружба со својот соборец Стив Нумов. По тој повод во ниван чест, секоја година во селото на 12 септември се одржува богата Културно- Уметничка прогарама.

  • Географски Податоци

 

На 6 км. западно од админастаративниот центар на градот Ресен по новиот асфлатен пат, изграден 1974-та год. се наоѓа с.Болно. Во селото се стигнува и пешачејќи на одалеченост од 4 до 5 км. од градот Ресен, по овој пат жителите патувале со векови. На средината на овој пат на месноста викана ,,Плачи Горница,,  се разделувале луѓето кои оделе на печалба од своите најблисли.

Местоположбата на селото е исклучително добра, од сите старни е опколено со масивот на ,,Болнаската планина, додека од југ се наоѓа долгото Болнско поле кое завршува кај мостот викан ,,Елски мост,, во должина од 5км. со што завршува и Болнската територија.

Реката ,,Болшница составена од двете помали рекички ,,Манастирка и ,,Илинска река кои се делата на местото викано ,,Две Реки го дели селото на два дела.

Поради поволната местположба (отвореноста према југ а ограденоста со планинскиот масив од север) климата е доста пријатана, Умерено Континентална со свои посебни т.н. ,,Болнски карактеристики; во лето ноќите се свежи како резултат на семејниот ветер викан или познат во селото уште и како ,,Порек,,. А зимно време поради затвореноста од север е многу  потопло за разлика од било кое друго место во Преспа.

Селото Болно е  одалечено од Преспанското Езеро околу 15 км. воздушна линија и се наоѓа на надморска висина од 906 м.  Оваа надморска висима на селото е повисока од езерското ниво за околу 15м. 

Поволната местополаожба е искористена за најдобар расопред за градбата на куќите, како да е измислено од најдобриот архитект: што помалку простор за едно пристојно живеење, а што повеќе простор (земјиште) за обаработка.

За голема почит е и што низ атарот на селото поминувал и еден крак од познатиот Римски пат- Вија Игнација, за жал никој не може да каже на кој дел точно поминувал (нема доволно археолошки истаржувања), но со сигурност е потврдено дека сево ова е точно.

          Атарот на село Болно опфаќа целокупна површина од 30 км. кавдратни, со што спаѓа во редот на едно од нјаголемите на општина Ресен, после селото Брајчино.

          За пофалба на селаните а и една историска гордост е и што уште од 1947год. селото самоиницијативно ја гради првата Хидроцентарала на територијата на Преспа, а можеби и пошироко.